Денеска се одиграа најголемиот број од натпреварите од 1/16 финалето на Купот на Македонија, а најголемото изненадување го направи Шкендија Арачиново која го елиминираше Работнички.
Најнеобичниот гол пак беше дело на фудбалерите на Шкендија Тетово против Јени Маале кога од својата половина го лобуваа истрчаниот домашен голман.
На видеото недостасуваат головите од три денешни меча (Новаци – Вардар, Вардар Неготино – Брера и Слога Виница – Струга).
Резултати од 1/16 финалето:
Новаци – Вардар 0-2
Скопје – Пелистер 0-1
Шкендија Арачиново – Работнички 2-0
Џепчиште – Шкупи 0-8
Јени Маале – Шкендија 0-5
Борец – Детонит 0-1
Карбинци – Силекс 1-4
Кожуф – Арсими 1-2
Охрид – Беса 1-5
Слободен – Брегалница 0-6
Вардар Неготино – Брера 0-4
Слога Виница – Струга 1-6
Натпреварите Победа – Гостивар, Башкими – Воска Спорт и Беласица – Македонија Ѓ.П се закажани 2 откомври, додека Тиквеш е слободен.