Денеска се одиграа сите шест натпревари од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), беа постигнати вкупно 13 голови, дури пет од нив видовме на „Градски“ каде Вардар со 4-1 загуби од Струга.
Ова коло најмногу профитираше Работнички кој со триумфот од 2-0 кај Воска се качи на лидерската позиција на табелата.