143
Денеска беше одиграно 13. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), највозбудливо беше во Битола каде Пелистер со гол на капитенот Мирко Ивановски во самиот финиш го победи вечниот ривал Вардар.
На шесте натпревари беа постигнати вкупно шест голови, во просек по еден на натпревар, а два од мечевите завршија без погодоци. Најмногу имаше во Гостивар каде Струга ја совлада Беса со 2-1.
Резултати 13. коло:
Брера – Силекс 0-1
Беса – Струга 1-2
Работнички – Шкендија 0-0
Шкупи – Гостивар 0-1
Воска – Тиквеш 0-0
Пелистер – Вардар 1-0
Табела: Работнички 25, Шкендија 24, Силекс 24, Гостивар 24, Струга 22, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 15, Беса 12, Воска 11, Тиквеш 9, Вардар 8.