Првата ѕвезда на
италијанскиот првак Јувентус го искористи последниот воз во хаотичната
ситуација во Италија да ја напушти таа земја и да биде со своите најблиски
изминатиов период, меѓутоа тој се здоби со големи критики од јавноста.
Кристијано
Роналдо е предупреден дека нема никакви привилегии во однос на мерките за
спречување на ширањето на коронавирусот, откако низ јавноста се споделија
фотографии како тој има тајни тренинзи на стадионот „Мадеира“.
Ѕвездата на „Старата
дама“ беше уловен како тренира на стадионот кој инаку го користи екипата на
Насионал, меѓутоа португалските власти испратија предупредување за Роналдо.
„Роналдо нема
никаква посебна дозвола да тренира овој период“ тврди првиот човек за здравство
во Мадеира, Педро Рамос.
„Роналдо има
право да тренира според програма која ги следи правилата кои важат за сите
граќани, не постојат привилегии по ова прашање“ додаде тој.
35 годишниот
Португалец периодот на изолација го минува во вила во Мадеира за која плаќа
3,500 евра неделно.
Cristiano Ronaldo pictured secretly training in Madeira leading to warning he has ‘no privileges’ during lockdown. The session took place at CD Nacional's Madeira Stadium as he was spotted shooting at a goalkeeper in the private session pic.twitter.com/dKHZMwnD7O
— Lilian Chan (@bestgug) April 10, 2020