Пред шест месеци стравуваа за неговиот живот по сообраќајна несреќа, а сега ѕвездата на Вест Хем пак заигра фудбал! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Напаѓачот на Вест Хем, Мајкл Антонио, ги одигра првите минути по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа во декември минатата година.

Антонио со своето Ферари излета од патот и удри во дрво, при што се здоби со сериозни повреди. По долга рехабилитација, се врати на терените и доби пет минути игра во пријателскиот натпревар меѓу Јамајка и Гватемала (0-1).

Инаку, по несреќата на 7 декември во англиската област Есекс фудбалерот беше пренесен во болница со хеликоптер. Неговите повреди беа навистина тешки, ја скрши бутната коска и веднаш беше опериран. Сепак, тој напорно работеше и за само шест месеци се врати на терените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×