Во 2015 година на Арсен Внегер кој во моментов е под големи притисок, му биле понудени Канте и Ламар за смешна сума од Каен, клубот во кој тогаш и двајцата настапуваа.
Но, Венгер ја одбил понудата, па Канте се пресели во Лестер за 5,6 милиони фунти, додека Лемар за 2 милиони фунти отиде во Монако.
Од тогаш, Канте ја освои Премиерлигата со Лестер и сега може да го направи тоа со Челси. Тој еден од клучните играчи во Англија и многумина сметаат дека треба да биде прогласен за фудбалер на сезоната.
Од друга страна, Лемар со Монако е на добар пат да ја урне доминацијата на ПСЖ во француското првенство а се пласира и во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Ваквата сторија ја открива францускиот фудбалски експерт Џил Фавар.
„Сите ја знаеме приказната. Пред две години Венгер можеше да ги купи Ламар и Канте за 15 милиони евра“ – вели Фавар.
Вредноста на Канте и Ламар сега е неспоредлива со сумата за која Венгер можел да ги купи двајцата во пакет.