Деле Али имаше вртоглав пад во кариерата, откако патеше од депресија која сериозно му влијаеше на перформансите.
Во моментов 28-годишникот тренира со италијанскиот прволигаш Комо, со надеж дека ќе се покаже пред тренерот Цеск Фабрегас и управата ќе му понуди договор. Значи, Деле Али е на проба во калчолигашот…
Ова немаше да биде ништо чудно во фудбалот, ако не се знаеше дека Деле Али пред пет години играше финале на Лигата на шампионите… Во 2019 година тој со Тотнем се бореше за најпрестижниот клупски трофеј на светот, а беше и еден од најдобрите играчи во овој тим.
Сепак, потоа следеше голем пад, па од 2022 до 2024 година беше член на Евертон и настапи само 13 пати. Во меѓувреме имаше и позајмица во Бешикташ, а од ова лето е без клуб. Доколку се покаже Деле Али можеби ќе заигра за Комо во Серија А.