Во пресрет на натпреварите од претпоследното коло во Групата А, селекторот на Холандија, Дик Адвокат беше запрашан дали шансите на „Лалињата“ за пласман на мундијалот во Русија можат да бидат драстично намалени доколку Шведска го декласира Луксембург со 8-0.
На ова, тој одговори: „Нема да победат со 8-0, ова е глупаво прашање. Нема шанси да победат 8-0, не верувам дека можат до ваков резултат“.
Шведска денеска навистина победи со 8-0, па Холандија е на чекор да пропушти уште едно големо натпреварување.
На „Лалињата“ ќе им треба чудо против Шведска во последното коло и победа од 7-1 или подобар резултат од овој за место во баражот.
“They won’t win 8-0, what a stupid question that is. 8-0? Well, no, I don’t believe that.” – Dick Advocaat. pic.twitter.com/9JWHWoDQ9M
—(@SwedeStats) October 7, 2017