Пред една деценија ја потопивме Данска, можеме ли повторно!? (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација ја доби Данска како прва пречка во баражот за Светското првенство, последниот меѓусебен меч против оваа селекција ни припадна нам.

Македонија и Данска досега имаат одиграно три меѓусебни натпревари. Последниот го добивме ние, Данците победија еднаш, еден дуел заврши нерешено. Имаме позитивна гол разлика од 4-2.

Првиот квалификациски меч во нашата историја го игравме токму против Данска.

Тоа се случи на 7 септември 1994 година. Водевме со гол на Митко Стојковски од четвртата минута, Данците во финишот израмнија на 1-1. Дарко Панчев доби црвен картон на почетокот од полувремето.

Македонија: Трајчев, Бабунски, Ѓуровски, Јовановски, Марковски, Најдоски, Станојковиќ, Стојковски, Т.Мицевски, Бошковски, Панчев (замени: Канатларовски, Серафимовски)
селектор: Андон Дончевски

Данска: Шмајхел, Фрис-Хансен, Олсен, Рипер, Хелвег, Јенсен, Стин Нилсен, Филфорт, М.Лаудруп, Кристенсен, Б.Лаудруп (замени: Поулсен, Ларсен)

Реваншот од тие квалификации го загубивме со минимални 1-0.

Македонија: Целески, Ѓуровски, Јовановски, Марковски, Најдоски, Станојковиќ, Стојковски, Т.Мицевски, Серафимовски, Бошковски, Панчев (замени: Мемеди, Стојковски)
селектор: Андон Дончевски

Данска: Шмајхел, Сјонберг, Томсен, Хог, Лаурсен, Рипер, Стин Нилсен, Нилсен, М.Лаудруп, Размусен, Б.Лаудруп (замени: Бо Андерсен, Хелвег)

Последниот меѓусебен дуел со Данците е на 6. февруари 2013.

Ги победивме со убедливи 3-0 на пријателски меч во Скопје. Пандев, Ибраими и Новески ги дадоа головите.

Македонија: Пачовски, Грнчаров, Лазевски, Новески, Тодоровски, Демири, Глигоров, Пандев, Ибраими, Јаховиќ, Тричковски (замени: Богатинов, Стјепановиќ, Тасевски, Трајковски, Ивановски, Мојсов)
селектор: Чедомир Јаневски

Данска: Шмајхел, Јакобсен, Кјаер, Агер, Ериксен, Крон Дели, Врас, Зимлинг, Корнелиус, Јоргенсен, Ромедал (замени: Квист, Окоре, Педерсен, Фишер, Слот, Шоне)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×