Порто е познат по
тоа што купува ефтино а потоа за неколку пати повеќе им продава на гигантите од
Европа. Нов играч на кој клубот од Драгао треба добро да заработи е Алекс
Телеш.
25 годишниот лев
бек е на радарот на Реал Мадрид и Јувентус. Медиумите од Португалија вчера
пренесоа дека „Старата Дама“ понудила 30 милиони евра за Бразилецот, а денеска
се појавија стории кои велат дека преставници на „Кралевите“ се во Порто на
преговори за трансфер на играчот.
Алекс Телеш има
откупна клаузула од 40 милиони евра и Порто инсистира да биде платена токму
оваа сума.
Бразилецот во
сезоната 2015/16 играше во Интер на позајмица од Галатасарај, „Нероаѕурите“ можеа во целост да го купат но решија да не ја искористат опцијата вредна 8 милиони евра. Порто очигледно виде нешто
што клубот од Џузепе Меаца не успеа, па за 6 милиони евра го донесе во своите
редови во 2016 и сега може да се офајди.