Аргентина добро го почна
контролниот меч против Нигерија со два гола во серија на Банега и Агуеро дојде
до водство од 2-0, а на крајот загуби со 2-4, два гола во победата на Нигерија
постигна Ивоби, од кои еден посебно се истакна.
Маскерано „настрада“ во
голот за 2-4 дело на фудбалерот на Арсенал, па на Аргентинецот топката му мина
низ нозете по фантастичниот потег на Ивоби кој потоа погоди за голема победа на
неговата селекција.
Аргентина во своите
редови ја немаше првата ѕвезда на тимот Лионел Меси, а Нигерија со вчерашната
победа докажа дека има тим со кој може да има големи очекувања на Мундијалот во
Русија идната година. Инаку, останатите два гола за победничкиот табор ги
постигнаа Илхеначо и Идову.