Пред да ги заврши преговорите за Елмас, Наполи ќе договори нов напаѓач!

by riste
0 минути читање

Наполи паралелно преговара за неколку засилувања, еден од нив е нашиот Елиф Елмас, а во завршна фаза се разговорите за напаѓачот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд.

Повредата на Лукаку влијаеше Наполи посилно да тргне по напаѓач, изборот падна на Хојлунд. Информациите велат дека Наполи и Манчестер јунајтед се блиску до договор.

Денеска се разговарало за личните услови на Расмус Хојлунд со наполитанците.

Паралелсно Наполи преговара со Лајпциг за Елмас, но се верува дека трансферот на македонскиот фудбалер ќе следува по оној на Хојлунд кој за Конте сега е приоритет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×