Пред 30 години Дарко Панчев го даде најважниот пенал: Ајде сега немој да промашиш, сите те гледаат! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Финалето се играше на стадионот „Свети Никола“ во Бари, Олимпик Марсеј против Црвена звезда. Црвено-белиот дрес го носеа нашите Дарко Панчев и Илија Најдовски. Во тимот на Звезда беа легендарните Савичевиќ, Михајловиќ, Просинечки, Југовиќ…

Марсеј беше фаворит, но Црвена звезда успеа да го неутрализира францускиот тим, натпреварот по 120 минути игра заврши без голови, па пеналите требаше да го одлучуват победникот.

Беше 4-3 за Црвена звезда во пенал серијата кога Дарко Панчев како последен изведувач во својот тим ја зема топката. Тој го испрати голманот Олмета на другата страна, постигна гол и големата радост можеше да почне, Црвена звезда стана Европски шампион. Беше испишана историја на која денеска слави јубилеј од три децении.

„Се знаеше распоредот. Јас и во првенството секогаш шутирав последен. Четвртиот пенал го даде Михајловиќ. Водевме 4-2, шутираше Мозер и тогаш почнав да размислувуам. Си велев, дај промаши го, оди во бестрага. Кој ќе се тресе сега у пучку матер. Но го даде. И ајде сега, Дарко подготви се, мораш, што да правиш. Додека одев по топката, тие 20 метри, размислував: „Ајде сега немој да промашиш во бестрага, сите те гледаат. О Боже, немој сега, биди мирен и дај го“. Кога ја земав топката, тоа е професионална деформација, веќе не размислувал дали ќе влезе или не, не размислував ниту на навивачите, само ја гледаш топката, во спротивно ќе промашиш. Никогаш не шутирав пред време, да знам каде ќе шутнам, или да шутнам силно, па каде оди оди. Секогаш го гледав голманот. Олмета тргнуваше пред време кога шутираше Роби, Миха, Бина.. и кога тргнав јас тој стоеше до последниот момент, а кога се скрши, тогаш шутнав. Тоа го знам од искуство, кога голманот малку ќе тргне, не мора ни да се фрли, не може да застане и да се врати, џабе му е. Излгедаше како топката да е блиску до него, не не може да се врати. Затоа го чекав“, опишува Панчев за Моцарт. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×