Пред 18 месеци Венгер одбил да го купи Мбапе за осум милиони евра!

by
1 минути читање

По поразот од Ливерпул од 4-0 повторно се јавува големо незадоволство кај фановите на Арсенал кои бараат Арсен Венгер да го напушти клубот.

Притисокот врз Венгер дополнително го зголеми сторијата на шпанскиот новинар, Гијем Балаге кој пишува за Скај Спортс. Тој открива дека тренерот на Арсенал можел да го купи Мбапе за околу осум милиони евра додека фудбалерот се уште не бил познат.

„Пред 18 месеци, Венгер се сретна со Мбапе кој тогаш имаше 17 и со неговата фамилија. Тие побараа 7-8 милиони евра за да се преселат во Арсенал и логично Венгер рече не“ – твитна новинарот Балаге.

Мбапе минатата сезона се промовираше на светската фудбалска сцена и наскоро треба да направи трансфер во ПСЖ со кој ќе стане втор најскап фудбалер во светот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани