240
Кристијан Ериксен се врати на Европско првенство со убави спомени, фудбалерот од средниот ред постигна гол за Данска против Словенија.
На претходниот континентален собир, пред 1.100 дена, Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на натпреварот помеѓу Данска и Финска.
Фудбалерот од средниот ред добро ги исплаши навивачите, но благодарејќи на брзата реакција на докторите, ја победи смртта.
Денеска тој се врати на Европското првенство со убави спомени, на првиот натпревар во Германија, Кристијан Ериксен постигна гол против Словенија веќе во 17. минута.
GOAL: Slovenia 0-1 Denmark!
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 16, 2024
ERIKSEN PUTS THE DANES 1-0 UP! 🇩🇰
pic.twitter.com/vYBSbzgj7H