Според пишувањата
на „Дејли Мејл“, се вели дека Гвардиола веќе одлучил на кои фудбалери треба да
им се отворат излезните врати од клубот, па така неофицијалните информации кои
пристигнуваат ги наведуваат дел од фудбалерите кои наводно нема да бидат земени
со екипата идниот месец на турнејата во Соединетите Американски Држави.
Гвардиола во
Англија ќе остави петмина, меѓу кои се најде и голманот Џо Харт, потоа следи
напаѓачот Вилфред Бони, дефанзивците Елаквим Мангала и Џејсон Денајер, односно
фудбалерот од средниот ред Самир Насри.
Вкупната вредност
на претходно наведените фудбалери на трансфер пазарот изнесува 115 милиони
евра, англиските медиуми на големо шпекулираат дека тиа ќе бидат „жртви“ на
големите и скапи засилувања за Сити летово, Бернардо Силва, за кого
премиерлигашот на Монако му плати 50 милиони евра, односно Едерсон, голманот за
кого на Бенфика и беа исплатени 40 милиони евра.
Познато е дека
Манчестер Сити тука нема да застане, тимот е во исчекување на нови засилувања,
и тоа Дани Алвес кој веќе заврши со Јувентус, Кајли Вокер од Тотенхем и
Бенјамин Менди од Монако.
Што се однесува пак до турнејата во САД, таму Манчестер Сити треба да ги одмери силите со Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем.