Правилото од 5 секунди на Пеп Гвардиола кое стои зад успехот од минатата сезона

by
1 минути читање

Откако во јули
2016 го превзеде кормилото на Манчестер Сити, многумина очекуваа Пеп Гвардиола
да почне да доминира со Премиерлигата. Но неговата прва сезона на „Островото“
не одеше според планот и тој за прв пат не успеа да освои ниту еден трофеј.

Но стратегот ги
поправи грешките веќе во втората сезона, и изминативе 12 месеци „Ѓраѓаните“ беа
далеку најдобриот тим во Премиерлигата, а избраниците на Пеп Гвардиола на патот
до титулата срушија еден куп рекорди.

Неговиот
пријател, Доменик Торент сега открива на што се должи овој успех и како
правилото од пет секунди имало голема улога во победите.

„Не му беше лесно
на Пеп Гвардиола во првата сезона, неговиот тим прими многу голови. Кога беше
во Барселона, прими помалку голови, таков беше случајот и во Баерн, па
разговаравме многу на оваа тема“
– вели Доменик Торент кој до неодамна беше
втор помошник на Шпанецот.

„Моравме да ја
промениме транзицијата, и го смисливме правилото од пет секунди. Кога ќе
загубите топка, многу е важно веднаш да се притисне високо и да се направи
пртитисок од 5 секунди. Доколку не ја вратите топката во посед за 5 секунди,
правите прекршок и се враќате назад. Во првата сезона имавме доста проблеми
кога ќе ја загубевме топката и играчите не реагираа доволно брзо. На многу
мечеви имавме огромни проблеми“.

„Па за втората
сезона многу ја вежбавме оваа транзиција на тренинзите. Во првите два месеци
секоја тренинг сесија беше иста. Ја губиш топката, реагираш брзо, ако не ја
освоиш за 5 секунди правиш прекршок“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×