210
МЛС му изрече казна на Лионел Меси поради тоа што Аргентинецот не настапи на ол-стар натпреварот иако не беше повреден.
Кратко пред почетокот на Ол-стар мечот Меси го откажа учеството, па денеска ја доби очекуваната суспензија.
„Според правилата, фудбалер кој не игра на Олстар-натпревар без оправдување и без дозвола од лигата, добива суспензија од еден натпревар“, соопштија од МЛС.
Аргентинецот не е единствен, односно поради иста причина ќе биде суспендиран и Жорди Алба.