Правилата на УЕФА се јасни: Мбапе не смее да игра со изработената маска!

by bojan
1 минути читање

Француската мега-ѕвезда Килиан Мбапе се здоби со скршеница на носот за време на натпреварот против Австрија.

25-годишниот фудбалер избегна операција, бидејќи ситуацијата можеше да биде и доста посериозна. Сепак, тој мина засега лесно и се очекува да заигра веќе против Холандија во второто коло од Европскиот шампионат.

Мбапе против Холанѓаните ќе мора да игра со заштитна маска. Тој веќе ја доби маската која е во боите на Франција и потпишана со неговите иницијали.

Правилата на УЕФА сепак налагаат дека заштитните маски мора да бидат еднобојни. Поради тоа Килиан Мбапе нема да може да заигра со веќе изработената маска со француските бои.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани