Медиумите од Италија пренесуваат дека отказ на Тијаго Мота ќе го чини Јувентус околу 20 милиони евра, а што се однесува до можниот нов тренер, се шпекулира со четири имиња.
По поразот од Емполи и елиминацијата во Купот на Италија, се погласно се говори за отказ на Тијаго Мота и покрај тоа што спортскиот директор Кристијано Џинтоли вчера порача дека на стратегот не му се спрема „клоца“.
Сепак, доколку Јувентус реши да се раздели со Тијаго Мота, „старата дама“ ќе треба да плати големо обесштетување.
Како што пренесува Тотуспорт, отказот на Тијаго Мота и неговите соработници ќе чини околу 20 милиони евра.
Што се однесува до можниот нов тренер, се шпекулира со четири имиња – Џан Пјеро Гасперини, Антонио Конте, Игор Тудор и Роберто Манчини.