Познато колку милиони ќе го чини Јувентус отказот на Тијаго Мота

by bojan
1 минути читање
Мота

Медиумите од Италија почнаа со калкулациите колку ќе чини отказот на Тијаго Мота, одредени проценки велат дека ќе станува збор за сума од 20 милиони евра.

Јувентус донел одлука да се раздели со Тијаго Мота, се очекува во текот на денешниот ден или во понеделник да пристигне официјална потврда за тоа дека Игор Тудор ќе го предводи тимот до крајот на сезоната.

Па почнаа да се прават калкулации колку ќе чини отказот на Тијаго Мота.

Бразилецот со италијански пасош, стави потпис на договор со Јувентус до јуни 2027 и се говори дека има годишна нето плата од 4-5 милиони евра.

Во предвид треба да се земат и примањата не луѓето од неговиот тренерски персонал, па првите груби проценки велат дека отказот ќе чини околу 20 милиони евра.

Сепак, оваа сума е значително пониска од штетат која би настанала без настап во Лигата на шампиони.

Учество во најелитното европско првенство гарантира минимум 50 милиони евра, па „старата дама“ лесно ќе го прежали отказот на Тијаго Мота доколку биде обезбеден топ четири финиш до крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани