Познато колку Маск е подготвен да плати за да го купи Ливерпул

by Стефан
1 минути читање

Во текот на вчерашниот ден од Островот силно одекна изјавата на таткото на Илон Маск, Ерл дека неговиот син има желба да стане сопственик на Ливерпул, а денеска медиумите објавија дополнување на оваа информација.

Мојот син Илон би сакал да го купи фудбалскиот клуб Ливерпул. Баба му е од таму, ние имаме семејство во тој град, Битлси растеа со членови на нашето семејство. Секој во негова ситуација би сакал тоа да го направи”, гласеше изјавата на таткото на еден од најмоќните луѓе во светот.

Покрај тоа се наведува и дека Маск сака да го купи Ливерпул затоа што смета дека така би ја зголемил својата моќ во Обидинетото кралство.

Според последните информации сумата која Маск би можел да ја понуди изнесува 7.2 милијарди евра. Ливерпул во овој момент е во сопственост на американската компанија „Фенвај Спортс Груп“ која во 2010 година плати 300 милиони фунти.

Кога во прашање е богатството на Маск тоа се проценува на 400 милијарди евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани