Познато колку Манчестер јунајтед ќе му плати на Ван Бисака за да се пресели во Вест Хем

by bojan
1 минути читање
Ван Бисака

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Манчестер јунајтед ќе му плати 5 милиони фунти на Арон Ван Бисака за да направи трансфер во Вест Хем.

Арон Ван Бисака е пред трансфер во Вест Хем откако сите три страни најдоа заеднички јазик за реализирање на зделката.

Последната пречка беше сумата која десниот бек ја побара од Манчестер јунајтед, како мотив плус ова лето да го напушти клубот, наместо да чека една година и потоа беспари да замине.

Последните информации пренесуваат дека „ѓаволите“ ќе му платат на Арон Ван Бисака околу 5 милиони фунти за да се пресели во Лондон.

Вест Хем на Манчестер јунајтед ќе му плати околу 15 милиони фунти како обесштетување, па сите страни ќе бидат задоволни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани