Како што пренесува „Калчо&Финанца“, отказите на Игор Тудор и Тијаго Мота ќе го чинат Јувентус околу 30 милиони евра.
„Старата дама“ може да се најде во ситуација да има тројца тренери на платен список откако оваа недела отказ доби Игор Тудор, а во март месец од должноста беше разрешен и Тијаго Мота.
Финансиските последици од одлуките се големи, како што пренесува „Калчо&Финанца“, отказите на Игор Тудор и Тијаго Мота ќе чинат околу 30 милиони евра.
Последниот финансиски извештај на Јувентус, заклучно со 30. јуни, покажува дека клубот веќе резервирал 16,3 милиони евра да ја покријат платата на Тијаго Мота и неговиот персонал до јуни 2027 година.
Што се однесува до ситуацијата со Игор Тудор, се верува дека Хрватот има нето плата од 3 милиони евра по сезона, или околу 5,5 милиони бруто. Тоа би значело трошок од преку 10 милиони евра, плус платата за неговите помошници.
Тоа ќе значи дека Јувентус ќе треба да одвои преку 27 милиони евра за тренери од кои нема никаква корист.
Најдобро сценарио за „старата дама„ е Игор Тудор и Тијаго Мота што поскоро да најдат нов ангажман, и по поповолни услови да ја прекинат соработката.