Според пишувањата на Марка, Жозе Мурињо ќе биде компензиран со 15 милиони евра за отказ од Фенербахче, „специјалниот“ во својата кариера само од откази има заработени неверојатни 100 милиони евра.
Жозе Мурињо со отказ ја плати елиминацијата во Лигата на шампиони, неполни 48 часа по пораз од Бенфика, Фенербахче сооошти дека се разделува со Португалецот.
Како што пренесува Марка, „специјалниот“ ќе добие богата компензација, односно околу 15 милиони евра, огромна сума ако се знае дека во Турција помина нешто повеќе од една година.
Медиумите од Турција пак пишуваат дека сумата е помала, односно околу 9 милиони евра.
Во секој случај, кога оваа сума ќе се придодаде на претходните, Жозе Мурињо само од откази има заработено неверојатни 100 милиони евра.
Тој два пати доби отказ од Челси, по еднаш од Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотнем и Рома, и сега од Фенербахче.