247
Eкипата на Шкендија со елиминацијата на романската ФЦСБ оствари голем успех и ќе игра во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите каде што ги чека Карабах.
Веќе e познато и кога македонскиот шампион ќе се соочи со претставникот на Азербејџан. Првиот натпревар се игра во Скопје на 5 август, додека реваншот е закажан за 12 август на гостински терен.
Терминот за натпреварот дополнително ќе биде дополнително потврден. Ќе потсетиме, Шкендија со третото коло во квалификациите за ЛШ обезбеди најмалку пласман во лигашката фаза од Конференциската лига.