Винициус Жуниор го победи Родри „од втора“ во трката за индивидуалните награди. Откако Шпанецот ја доби „Златната топка“, Бразилецот го доби признанието на ФИФА и наградата „Д Бест“.
Во изборот учествуваа и тројца Македонци, односно селекторот Благоја Милевски, капитенот на репрезентацијата Енис Барди и новинарот Мијалче Дургутов како медиумски претставник.
Селекторот Милевски не го смеси Винициус во најдобрите тројца, за него на првото место беше Дани Карвахал, пред Џуд Белингем и Родри на третото место.
Енис Барди пак го одбра Родри на првото место пред Вини, а Ерлинг Халанд доби бодови за третата позиција.
Единствено Дургутов го „погоди“ победникот, го смести Винициус Жуниор на првото место, пред Родри и Дани Карвахал.