Ангажманот на Чаби Алонсо во Реал Мадрид траеше неочекувано кратко, шпанскиот стратег по половина година заминува од Сантијаго Бернабеу, а пристигна како тренер кој треба долго да трае.
Во текот на неговата работа чести беа пишувањата дека има проблем со авторитетот во соблекувалната и дека дел од ѕвездите не се однесуваат нормално, нивното его ја руши атмосферата.
„Кадена Сер“ сега открива што му рекол Алонсо на клубот пред да замине.
„Не можете да им давате толку многу моќ на фудбалерите. Невозможно е за тренер да владее во соблекувалната ако клубот секогаш застанува на страната на фудбалерите“, рекол Алонсо.
Се пишува дека најпроблематични биле Винисиус, Белингем и Валверде, а не Мбапе кои го посочуваат некои. Французинот во периодот под водство на Алонсо беше убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, заедно со Куртоа беа единствените кои секогаш беа на највисоко ниво.