Познато е која ќе биде улогата на Ѓоковиќ во фудбалскиот клуб каде стана ко-сопственик

by riste
1 минути читање

Синоќа се појави информацијата дека Новак Ѓоковиќ заедно со уште неколку спортисти и бизнисмени купија акции од францускиот второлигаш Ле Ман со што станаа дел од сопственичката структура.

Неговиот соработник од компанијата Аутфилд која е официјален сопственик на Ле Ман откри каква ќе му биде улогата во овој проект.

„Новак и останатите познати имиња во спортот кои ги ангажиравме, ја делат нашата визија. Сите тие ќе имаат советодавна улога, но ќе бидат и амбасадори на брендот. Ѓоковиќ треба да го донесе неговиот мајндсет, менталитет и визијата за натпреварувањето на највисоко можно ниво. Тој го сака фудбалот, ова е првпат да инвестира во него и возбуден е поради тоа“, рече Шарл Оливеира.

Покрај Ѓоковиќ, во проектот влегува партнерот на Арина Сабаленка, Јоргос Франгулис, како и поранешните Ф1 возачи Фелипе Маса и Кевин Магнусен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×