Познато е кој фудбалер ќе го жртвува Наполи за да направи место за Елмас

by
1 минути читање

Пред неколку дена претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис го потврди интересот за Елиф Елмас, но кажа дека треба да се направи и место за него, односно да продадат некои од фудбалерите кои ги имаат.

Тоа е хрватскиот фудбалер Марко Рог кој најверојатно ќе замине во Ајнтрахт Франкфурт.

23-годишниот Рог во 2016 година од Динамо Загреб пристигна во Наполи за кој одигра 52 натпревари, во последната година играше на позајмица за Севиља.

Интерес за Рог имало од неколку италијански екипи, сепак најконкретен бил Ајнтрахт Франкфурт кој понудил многу слична сума на онаа која Наполи треба да ја плати за Елиф Елмас, од 16 до 20 милиони евра.

Некои италијански медиуми пишуваат дека продажбата на Рог и доаѓањето на Елмас во Наполи може да се случи во наредните 48 часа.

Како и да е, речиси сигурно е дека Елмас наскоро ќе го облече дресот на Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×