Познати стартните состави за мечот меѓу Македонија и Летонија!

by 24 фудбал
0 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе се судри со Летонија во пријателски натпревар.

На повеќе од еден час пред стартот на средбата македонскиот селектор Благоја Милевски го објави стартниот тим. Предводникот на Македонија одбра изменет состав за тестот против Летонците, иако тука се и дел од првотимците.

Стартни состави за натпреварот:

Македонија: Димитриевски; Илиевски, Стојчевски, Серафимов, Ашковски; Костадинов, Алими, Барди; Ристовски, Растодер, Чурлинов

Летонија: Матревичс; Циганикс; Јурковскис, Черномордијс, Балодис, Савалниекс; Дашкевич, Зеленовс, Вапне, Икауниекс; Гутковскис

По овој натпревар на националната арена „Тодор Проески“, Македонија викендов патува во Кардиф каде што го игра клучниот меч во квалификациите за Светското првенство против Велс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×