Лигата на
шампионите од оваа сезона се игра во нов систем, дури 26 тимови директно
обезбедија пласман во групната фаза, и само 6 преку квалификациите. Откако
вчера работата ја завршија Ајакс, Јанг Бојс и АЕК, вечерва билетот го чекираа и
Бенфика, ПСВ и Црвена звезда. Со крајот на
квалификациите, се комплетираа и шеширите за утрешната ждрепка во Монако.
Првиот шешир беше
одамна познат и го сочинуваат Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн
Минхен, Манчестер Сити, Јувентус, ПСЖ и Локомотив Москва.
Во вториот шешир
се Борусија Дортмунд, Порто, Манчестер јунајтед, Шахтар, Бенфика, Наполи,
Тотенхем и Рома.
Во третиот шешир
е минатогодишниот вицешампион Ливерпул заедно со Шалке, Лион, Монако, Ајакс,
ЦСКА Москва ПСВ и Валенсија.
Интер е најзвучно
име во четвртиот шешир, каде друштво му прават и Викторија Плзен, Клуб Бриж,
Галатасарај, Јанг Бојс, Хофенхајм, Црвена звезда и АЕК.
Ждрепката може да
донесе „група на смртта“ во која ќе бидат Интер, Ливерпул, Борусија
Дортмунд и еден од гигантите во првиот шешир како Барса, Реал, Баерн или ПСЖ.