27
Комисијата за натпревари при ФФМ ги утврди термините за одигрување на полуфиналните натпревари во Купот на Македонија.
Во полуфиналето ќе се играат по две средби, дома и гости, на натпреварите ќе се користи ВАР технологија.
Полуфиналните двојки се: Охрид – Силекс и Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново.
Првите натпревари ќе се одиграат на 22 април, реваншите се на 6 мај.
Финалето од Купот на Македонија е на 20 мај.