Познати се шест репрезентации кои ќе играат на Европското првенство

by
1 минути читање

Иако има натпревари и во ноември, шест репрезентации веќе го чекираа билетот за континенталниот собир.

Синоќа Италија по тримуфот од 5-0 на гостувањето кај Лихтенштајн си обезбеди место на Европското првенство.

Во групата И се е решено, таму и Русија и Белгија си ја завршија работата и се пласираа ЕП.

Од нашата група Полска по победата над Македонија се радуваше на ново учество на големо натпреварување иако има уште два меча за играње.

Европско првенство обезбедија и Украина и Шпанија.

Следниот месец завршуваат квалификациите тогаш ќе бидат познати најголемиот број од учесниците, а бројката ќе биде комплетирана по завршниците од Лигата на нации од кои и Македонија се надева дека ќе избори историски пласман на Европско првенство.

Потенцијалната група ќе ја дознаеме уште кон крајот на следниот месец бидејќи ждрепката е на 30 ноември во Букурешт.

Европското првенство ќе се одржи низ 12 града во Европа од 12 јуни до 12 јули следната година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×