По комплетирањето на европските и интерконтиненталните баражи, конечно е познат целосниот список на учесници на Светското првенство кое летово ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
Овој Мундијал ќе влезе во историјата како прв со 48 репрезентации, што значи и нов формат на натпреварување и значително поголем број натпревари. Репрезентациите се распределени во 12 групи со по четири селекции, а веќе е познат и изгледот на сите групи.
- Групи за претстојното Светско првенство:
Група А: Мексико, Јужна Африка, Кореја, Чешка
Група Б: Канада, БиХ, Катар, Швајцарија
Група Ц: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска
Група Д: САД, Парагвај, Австралија, Турција
Група Е: Германија, Зеленортски Острови, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор
Група Ф: Холандија, Јапонија, Шведска, Тунис
Група Г: Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд
Група Х: Шпанија, Курасао, Саудиска Арабија, Уругвај
Група И: Франција, Сенегал, Ирак, Норвешка
Група Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан
Група К: Португалија, ДР Конго, Узбекистан, Колумбија
Група Л: Англија, Хрватска, Гана, Панама
Според новиот формат, двете најдобри селекции од секоја група, заедно со осум од вкупно 12 третопласирани репрезентации, ќе обезбедат место во осминафиналето. Со ваквата поставеност се очекува уште поголема неизвесност во групната фаза, бидејќи шансата за пласман во нокаут рундата ќе ја имаат и дел од третопласираните селекции.
Турнирот ќе се игра од 11 јуни до 19 јули и ќе биде најдолг досега.