218
Фудбалерите на Шкендија вчера ја елиминираа екипата на ФЦСБ и во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите македонскиот претставник ќе се соочи со екипата на Карабах од Казахстан, а познати се потенцијалните ривали на тетовци ако стигнат до плеј-офот.
Карабах ќе ја има фаворитската улога во двомечот, но така беше и со ФЦСБ и ако шампионот на ПМФЛ приреди уште едно изненадување во плеј-офот ќе биде во групата на неносители.
Така можни противници на Шкендија се:
Бодо/Глимт
Копенхаген или Малме
Црвена Звезда или Лех Познањ
Ференцварош или Лудогорец
Селтик
Првиот нтпревар против Карабах Шкендија го игра на 5 август во Скопје, додека реваншот е на 12 во Азербејџан.