289
Актуелниот бранител на трофејот, Шкендија ќе игра против второлигашот Кит Го кој претходно направи големо изненадување елиминирајќи го Шкупи. Вардар ќе излезе на мегдан со Македонија Ѓорче Петров.
Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 19. септември, реваншите се на 10. октомври.
Куп на Македонија осминафинале:
Шкендија – Кит Го
Вардар – Македонија Ѓорче Петров
Тиквеш – Работнички
Гостивар – Победа
Пелистер – Беласица
Скопје – Силекс
Брегалница – Академија Пандев
Кораби – слободен