Паоло Дибала се препороди во Рома, игра во фантастична форма и е најдобриот играч во тимот на Мурињо. Неговите изданија се препорака за големите клубови кои можат евтино да дојдат до неговиот потпис.
Откупната клаузула има две варијанти, едната е за италијански клубови, а другата за клубови надвор од Италија.
Откупната клаузула за италијанските клубови е 20 милиони евра. А во случај некој да сака да ја активира, Рома има опција да ја поништи со тоа што ќе му ја зголеми платата од 3,8 милиони евра колку што заработува сега, на 6 милиони евра.
За разлика од откупната клаузула за италијанските клубови, за странските не се прашува Рома, одлучува само Дибала.
Откупната клаузула за странски клуб е 12 милиони евра. Во овој случај Дибала го има последниот збор. Рома нема никаква опција да стопира негово заминување доколку Аргентинецот сака да прифати понуда од некој што ја активирал клаузулата.
Тоа значи дека Дибала за само 12 милиони евра може да замине од Рома во летниот преоден рок.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.