653
Според најновите
информации кои пристигнуваат, се вели дека иако беше најавено дека Спортинг
Лисабон ќе го откупи целосно договорот на Ристовски, сепак најверојатно до тоа
нема да дојде, барем не засега.
„Рекорд“ пишува
дека Ристовски во тимот од Лисабон доаѓа како позајмен фудбалер, со можност
португалскиот тим да го откупи неговиот договор за сума од 2,250 милиони евра.
Очекувањата се
дека официјализација на договорот помеѓу Ријека и Спортинг Лисабон ќе следи во
наредните неколку часа.
Извор: record.pt