Познати се дел од гигантите кои се можни противници на Вардар во групите од Лига Европа!

by
2 минути читање

Утре со почеток
од 13 часот во Монако ќе се одржи ждребката за групите од новата сезона во Лига
Европа.

Утрешниот настан
ќе биде топ тема во фудбалска Македонија, откако нашиот шампион Вардар ја мина
последната пречка во квалификациите во второто по ранг европско клупско
натпреварување, турскиот гигант Фенербахче, и избор место во групите од Лига
Европа.

Според форматот
на ждребката, 48 клубови ќе бидат поделени во 12 групи од по 4 клуба. Она што е
исто така дел од правилата е фактот што два клуба од иста држава нема да можат
да партиципираат во една група.

Вардар со
коефициент од 5.125 е екипата со најниско рангирање, и
нема никакви дилеми дека ќе биде во друштвото на неносители на утрешното
извлекување.

Вардар ги урна
очекувањата на многумина, па бележиме дека во рангирањето помеѓу фаворитите од
претходно објавените коефициент сосема очекувано беше сместен и турскиот гигант
Фенербахче (51.840), а македонскиот шампион имаше десет пати помал коефициент.

Вардар петта екипа од долниот дел во рангирањето според коефициентите во плејофот од квалификациите за Лига Европа

Од оние екипи кои
изборија место во групите од Лига Европа, бележиме гиганти од типот на Арсенал,
Зенит, Олимпик Лион, Вилјареал, Атлетик Билбао, Лацио, Милан
… ова се
само дел од екипите кои ќе бидат главните носители на утрешната ждребка (петок), а
дефинитивно еден од нив ќе му биде противник на нашиот првак во групите од Лига
Европа.

Ќе издвоиме дека
утре, извесен период пред терминот за ждребката, УЕФА ќе излезе со скратени списоци
за неколкуте групи во кои барем навидум ќе се дознаат можните противници во
групите од Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани