Познати се 18 учесници на СП, останаа 30 „визи“ – за една сонува и Македонија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Светското првенство 2026 ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада и првпат ќе учествуваат 48 репрезентации.

Досега пласман обезбедија 18 селекции меѓу кои Нов Зеланд од Океанија, Јапонија, Јужна Кореја, Иран, Узбекистан, Австралија и Јордан од Азија, Аргентина, Бразил, Еквадор, Уругвај, Колумбија и Парагвај од Јужна Америка, како и Мароко и Тунис од Африка.

Европа има 16 места, но сè уште нема патници на Мундијалот бидејќи квалификациите се во тек. Меѓу најблиските до обезбедување билет се Шпанија, Англија, Швајцарија, Франција, Хрватска, Норвешка и Холандија.

Македонија и натаму е во игра и сонува за една од „визите“ кои водат на Светското првенство. Освен преку квалификациската група во која моментално сме лидер, место во баражот треба да добиеме и поради Лигата на нациите. Сè ќе стане кристално јасно по последните три натпревари во квалификациите, гостуваме во Белгија и Велс, а го дочекуваме Казахстан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×