ФИФА официјално одлучи драстично да го зголеми наградниот фонд за Светското првенство кое ќе се игра во 2026 година, со што Мундијалот ќе добие и финансиска димензија каква што досега немало.
Селекцијата што ќе стигне до светската титула ќе инкасира 50 милиони долари, што е највисока награда во историјата на шампионатите. Поразениот финалист ќе добие 33 милиони, третопласираниот 29, а четвртопласираниот 27 милиони долари.
Настапот во осминафиналето ќе носи по 15 милиони долари, додека секоја репрезентација што ќе се појави на турнирот ќе има загарантирани најмалку 10,5 милиони долари, вклучувајќи ги и селекциите елиминирани во групната фаза. Притоа, ќе се добиваат награди за секоја победа или реми.
Ова значи дека и Македонија би можела сериозно да заработи доколку успее да ги мине мартовските баражи и да избори пласман на Мундијалот.