Познати петте кандидати за најдобар тренер, еден се издвојува како изразит фаворит

by 24 фудбал
1 минути читање

Француското списание „France Football“ денеска ги објави петте финалисти за наградата „Јохан Кројф“ која се доделува на најдобриот тренер за изминатата сезона.

На листата има пет имиња, а едно се издвојува од конкуренцијата и со право. Луис Енрике е прв фаворит за престижната награда „Јохан Кројф“ за најдобар тренер во сезоната 2024/25, која ќе биде доделена на церемонијата за „Златната топка“.

Шпанецот се издвојува поради историската сезона со ПСЖ, освојувајќи тројна круна и играјќи финале на Светското клупско првенство.

Меѓу останатите кандидати се и Ханси Флик, Антонио Конте, Енцо Мареска и Арне Слот. Победникот ќе биде објавен на 22 септември во Париз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×