Познати паровите за четвртата рунда на ФА Купот, хитот Маклесфилд налета на уште еден премиерлигаш

by 24 фудбал
1 минути читање

Синоќа се одржа ждрепката за четвртата рунда на ФА Купот. Учесниците ги дознаа своите противници, а вниманието го привлекува едно големо премиерлигашко дерби, додека Челси и Манчестер Сити добија значително полесни задачи.

Челси во следната фаза ќе се соочи со Хал, додека Манчестер Сити ќе игра против победникот од пресметката меѓу Салфорд и Свиндон.

Најинтересниот дуел во оваа рунда ќе биде судирот меѓу Астон Вила и Њукасл, натпревар кој се очекува да понуди голема борба за пласман понатаму. Хитот Маклесфилд кој го исфрли Кристал Палас налета на уште еден премиерлигаш, Брентфорд. Средбите од четвртата рунда на ФА купот се закажани да се одиграат во периодот од 13 до 16 февруари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×