Познати деталите од договорот на Консеисао, Ибра им одржал лекција на фудбалерите

by bojan
1 минути читање
Милан

Медиумите од Италија ги откриваат деталите од договорот на Сержо Консеисао со Милан и додаваат дека Златан Ибрахимовиќ им одржал лекција на фудбалерите пред Португалецот да ја започне својата авантура на кормилото на тимот.

Сержо Консеисао вчера официјално ја започна својата авантура како тренер на Милан, португалскиот стратег го замени својот сонародник Пауло Фонсека на кормилото на првиот тим на „росонерите“.

И покрај тоа што првичните шпекулации велеа дека соработката ќе биде само до крајот на сезоната, Сержо Консеисао доби договор до јуни 2026 година.

До јуни 2025, тој ќе заработи 1 милион евра, но има и неколку бонуси како обезбедување место во Лигата на шампиони или освојување на трофеј. Во сезоната 2025/26, платата ќе му изнесува 3,5 милиони евра, но исто така има и клаузула со која Милан може летоска еднострано да го раскине договорот.

Пред тој и официјално да почне со работа, Златан Ибрахимовиќ им одржал лекција на фудбалерите.

Швеѓанецот на фудбалерите им ставил јасно до знаење дека сите се виновни за отказот на Пауло Фонсека, а не само тренерот. Тој побарал сите веднаш да го променат однесувањето и пристапот, и нагласил дека повеќе нема оправдувања. Играчите сега мора да истапат и да ги донесат посакуваните резултати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани