357
Денеска во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија.
Академија Пандев ќе игра со Шкупи, Шкендија го доби Работнички, Струга ТЛ ќе се сретне со Ренова. Во полуфиналето ќе има и еден второлигаш бидејќи во четвртфиналето се среќаваат Брегалница и Лабуништа.
Четвртфинални двојки од Купот на Македонија:
Струга ТЛ – Ренова
Брегалница – Лабуништа
Шкендија – Работнички
Шкупи – Академија Пандев
Првите натпревари се играат на 4 декември, реваншите се на 4 март следната година.
Фото: ФК Работнички