Позната висината на долгот на Вардар, најголемиот дел е договорен да се враќа на рати

by 24 фудбал
1 минути читање

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски на денешниот брифинг со новинарите зборуваше за финансиите на клубот.

Секако, главна тема се заостанатите долгови кои според најавите ќе бидат наскоро решени.

Декемвриската ревизија која ја направивме покажа дека долгот е многу поголем од она кое претходно ни беше кажано. Кон УЈП клубот должи 3.000.000 евра, кон приватници долгот е 1.400.000 евра, кон ПУИК должиме 200.000 евра. Вкупната сума е нешто под 5.000.000 евра“, вели Миленко Неделковски.

Долгот е најголем кон УЈП, па тој дел е договорен да се плаќа на рати и тоа 36. Откриено е дека странските спонзори за следнат сезона ќе обезбедат буџет од 3 милиони евра, меѓутоа истите ќе се користат и за покривање на долговите.

Одблокираната сметка значи дека во Вардар ќе можат да се слеваат пари од повеќе финансиери бидејќи многу од нив не сакаа да влезат додека клубот има блокирана сметка. Клубот од идната сезона ќе има буџет од 3.000.000 евра, но во таа сума се вклучени и ратите за долгот“, рече вардаровиот директор.

Миленко Неделковски откри и дека дел од оние кому Вардар му е должен решиле да прифатат спогодба и да ги тргнат блокадите. Позитивно на тоа одговориле Горан Попов, Бенџамин Демир, Гоце Седлоски, Матеј Цветаноски и адвокатката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани