Позната е следната дестинација за Ибраими

by
2 минути читање

Некогашниот
најдобар македонски фудбалер по лошо ќе ја памети казахстанска Астана, таму
потпиша ланската сезона, иако имаше понуди од повеќе клубови од Европа, тој
сепак се реши кариерата да ја продолжи во клуб кој настапуваше во Лигата на
шампионите пред две сезони, ланската беше сопрен во квалификациите.

Сепак, следеа
неколку повреди на нашиот фудбалер кои беа причина раководството на
казахстанскиот шампион да излезе со соопштение во декември минатата година,
дека го раскинува договорот со Ибраими.

Тетовчанецот
подоцна излезе со реакција во медиумите, во која демантираше било каков раскин на договорот,
навестувајќи дека клубот треба да му ги исплати останатите 2,5 години од
договорот.

Се чини дека
случајот со Астана е веќе минато за Ибраими, па така тој интензивно е во
потрага по нов клуб овој трансфер период.

Според
информациите до кои дојде „24фудбал“, се вели дека следната дестинација за
Ибраими е Турција.

Ќе има позитивни вести во скоро време, има
повеќе заинтересирани клубови за него, но, по се
се чини дека Турција ќе биде неговата следна
дестинација, тоа е и повеќе од сигурно, барем засега…
“ вели нашиот
извор кој притоа не сакаше да открие за која екипа станува збор.

29 годишниот
офанзивец најдобрите денови во својата кариера ги мина во словенечки Марибор,
од таму премина во редовите на калчолигашот Калјари на позајмица, сепак клубот
и покрај одличните изданија на нашиот фудбалер, не го откупи неговиот договор (1,2
милиони евра) по што тој се врати во Љубљана. Потоа следеше трансферот во
Астана со две ипол годишна заработувачка од 2,2 милиони евра.

Турција е „плодна почва“ за македонските фудбалери, барем така важело отсекогаш.
Ова лето нашиот најталентиран фудбалер, 17 годишниот Елиф Елмаз потпиша за
гигантот Фенербахче.

Во новата сезона
од турската „Суперлига“ ќе настапува и нашиот напаѓач Адис Јаховиќ, кој беше
еден од најзаслужните што Гезтепе избори место во елитното друштво на тамошниот
шампионат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани