Позната е дел од дискусијата во соблекувалната на Барселона пред мечот со Лас Палмас

by
2 минути читање

Вчерашниот ден беше мошне тензичен во Каталонија, ако се
земе во предвид настаните кои го одбележаа денот околу референдумот за
независност на таа шпанска покраина.

Случувањата допреа и до Барселона, која на домашен терен
во седмото коло од Примера го пречека тимот на Лас Палмас, а во каталонскиот
гигант долго време разговарале за тоа каква да биде нивната одлука околу мечот.

Познато е дека Шпанската фудбалска федерација ултимативно
и постави услов на Барселона дека натпреварот мора да се одигра, во спротивно
тој меч ќе биде регистриран со победа на Лас Палмас од 0-3, а тоа ќе значеше
одземање на три бода за лидерот на табелата во Ла Лига.

На крајот, претседателот на клубот, Жорди Бартомеу во
придружба на своите соработници влегол во соблекувалната на Барселона за да ги
праша фудбалерите за нивното мислење околу оваа тема.

Од тоа што е засега познато, лидерот на тимот, Лионел
Меси не сакал да се меша во однос на оваа тема, малкумина биле да не го
одиграат натпреварот, а секако, против излегување на теренот биле Жерард Пике,
како и Серхио Роберто, повеќето биле да се одигра натпреварот.

Доколку поради овие три бода ја загубиме титулата, никој
нема да се сети зошто тоа се случило
“ им кажал Бартомеу на фудбалерите, при што
одговорил капитенот, Иниеста.

Таква тешка одлука мора клубот да донесе“ се надоврзал
Иниеста.

Клубот излезе со одлука натпреварот да се игра, а
потпретседателот на Барселона, Карлес Вилјаруби бил помеѓу оние кои не се
слагале со таквата одлука, па поднесе оставка од својата функција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани