Неколку извори од Англија пренесуваат дека Бруно Фернандеш не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, ова следува по вест дека Португалецот е продаден за 100 милиони фунти.
Изминатово лето, Бруно Фернандеш беше на мета на неколку клубови од Саудиска Арбија, се шпекулираше дека може да заработи стотици милиони, но реши да остане во Манчестер јунајтед.
Оваа недела повторно се вратија гласините за негова преселба во Саудиска Арабија, наводно веќе бил договорен трансфер вреден околу 100 милиони евра.
Како што пренесува БиБиСи, Бруно Фернандеш нема намера да се пресели во Саудиска Арабија, луѓе блиску до фудбалерот порачуваат дека тој е заинтересиран само за настап во Европа.
Во моментов тој е целосно посветен на Манчестер јунајтед и ќе го даде максимумот за да успее новиот проект на Сер Џим Ратклиф.
Бруно Фернандеш верува во овој тим на „ѓаволите“ и смета дека имаат квалитет да обезбедат топ 5 финиш и пласман во Лигата на шампиони.